Шојбле: Атина да добие пари само ако даде писмено ветување
19 ноември 2011Се‘ додека нема писмено ветување дека ќе бидат спроведени мерките за штедење не треба да се исплаќа ни наредната транша од меѓународниот пакет за спас, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во Берлин.
Конзервативната партија Неа Демократија во Грција му дава поддршка на курсот на штедење на новата влада, но одбива да даде писмено ветување за спроведување на реформите. Без наредната транша од осум милијарди евра, Грција, како што се вели во Атина, ќе банкротира уште пред Божик.
Во земјата во моментов се експерти на таканаречената Тројка кои проверуваат до каде е спроведувањето на мерките за штедење. Шефовите на Тројката, составена од ЕУ, ММФ и ЕЦБ, имаа средба со новиот грчки премиер Лукас Пападимос, а претходно разговараа и со министерот за финансии Евангелос Венизелос. Вчера (18.11) новото политичко раководство во Грција соопшти дека сака да го намали буџетскиот дефицит од девет проценти на 5,4 проценти во наредната година.
Автор: ЕМФ/ дв
Редактор: А. Трајковска