1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шопинг диета

Ф.Бек/К.Шелтинг/ А.Трајковска27 април 2014

Сѐ едно, во голем или мал град, жените ретко кога можат да ѝ одолеат на облеката во излозите. Во последно време ниту 24- часовните продавници на интернет не ги оставаат на мира. Но, што да се прави кога ќе се претера?

https://p.dw.com/p/1Bly2
Фотографија: picture-alliance/dpa

Катрин Бехт со една пријателка оди на купување во Вајлхајм, Горна Баварија.

„Ова изгледа убаво, еден ремен“.

Искушението е сѐ уште големо. Сѐ уште таа радо влегува во светот на потрошувачката, иако не така често како порано.

„Погледни, чевлите се убави“:

„Да навистина“

„И на намаление се. Но, мислам дека 37 не ми одговара, ова е премало“.

„Купувањето едноставно причинува задоволство. Се навлегува во шарен свет, гледаш многу убави фустани, со кои се чувствуваш многу убаво. Воено да излезеш со пријателката и да си поминеш убаво - и тоа причинува задоволство“.

Пазарот на можностите е речиси неограничен, дури и во еден мал град. Катрин Бехт ги сака модата, чевлите, модните додатоци. Изборот е голем, а нови потреби постојано има.

Долго време шопингот за неа беше најголемо хоби. Оваа ПР-менаџерка речиси секојдневно купуваше и на интернет. Додека не забележа дека нешто не е во ред. Нејзината дијагноза е- прекумера потрошувачка.

„Зависност не беше, но ми трошеше многу време и исто така забележав дека постојано со мислите бев кај облеката и онлајн-шопингот, платформите и слично. Тоа беше како некоја замена за задоволствата, но на крајот тоа почна да ме оптоварува и сакав да се ослободам“, вели Бехт.

Нејзиниот рецепт е шопинг диета, која самата си ја препиша. На крајот на 2011 година оваа, денес 35 годишна жена, одлучи една година да не купува облека. Нејзиниот сопруг беше воодушевен. Во дневникот кој го водеше на интернет таа известуваше за искуствата и наскоро пишувајќи забележа: Откажувањето од нова облека е само почеток. Таа го промени целото нејзино однесување при купувањето и се оддели од многу работи.

„На почетокот на шопинг-диетата мојот шкаф со облека беше преполн, таму навистина ништо повеќе не собираше, евентуално со многу сила. Во текот на годината многу работи расчистив. Тргнав сѐ за што мислев дека некогаш повторно ќе го носам, но заклучив дека нема да го носам, и безмилосно расчистив, што навистина многу ме ослободи.“

Шопинг диетата предизвика промени не само во шкафот за облека, што Катрин Бехт не очекуваше. Така во годината на воздружување од потрошувачка почна многу работи да прави сама - да плете за нејзините две деца, и благодарение на тоа разви сосема нов однос кон потрошувачката.

Zwei Freundinnen beim Shoppen in einer Mall
Фотографија: Fotolia/Kzenon

„Кога нешто правиш сам се менува свеста за тоа што го купуваш, оти кога ќе се види колку време е потребно кога самиот го правиш, а во продавница можеш да го купиш за пет евра, тука нема никаков сооднос. Со ова меѓутоа не се заменува потрошувачката, оти имаш само две раце, а не големи фабрики кои за неколку минути кројат, но сепак ова причинува големо задоволство. Тоа е убав начин поинаку да се консумира.“

Да се консумира поинаку за Катрин Бехт значи: свесно да се купува. Честопати пред да одлучи да купи нешто се информира и не секогаш купува. Но, затоа за квалитетни работи плаќа поскапо.

„Да био-продавницата е важна, таму знам дека зеленчукот, овошјето, сирењата се од локалните понудувачи. Кај козметиката знам дека производите се сертифицирани, дека се без палмово масло и сметам дека денес тоа е многу важно. Значи био-продавницата е сега мој секојдневен супермаркет“, вели КАтрин Бехт и дополнува: „Ако секој поединец ги први подобро и само малите работи, тогаш многу е сторено. И малите успеси се вредни. Така се обидувам некои работи да ги правам добро, колку што може и се надевам дека консументот секако може да постави акценти“.