Шкотланѓаните рекоа „не“
19 септември 2014Ваквите резултати се базираат на податоците од 31 изборна единица (вкупно има 32, н.з.). Конечните резултати би требало да бидат соопштени во наредните часови. Шкотскиот премиер и лидер на кампањата за независност Алекс Салмонд го призна поразот. „Мнозинството одлучи да не станеме незaвисни во овој момент“, изјави тој пред своите приврзаници во Единбург. Претходно, на Твитер Салмонд им се заблагодари на Шкотланѓаните за „неверoјатната поддршка“ и ги повика да го прифатат крајниот резултат.
Вицепремиерката Никола Старџн уште во раните утрински часови за Би-Би-Си призна пораз и оцени: „Разочаран е секој кој беше дел од кампањата за отцепување. Но Шкотска се промени засекогаш“, изјави Старџн, која е и заменик шеф на Шкотската националистичка партија која го иницираше референдумот.
Честитки од Лондон
На владата на Дејвид Камерон во Лондон со тоа и‘ успеа да се одбрани успешно од тенденциите за отцепување. Камерон на Твитер рано изутринава напиша: „Разговарав со Алистер Дарлинг и ми честитав на добро водената кампања“. Британскиот премиер го задолжи лабуристот Дарлинг, кој е противник на идејата за независност, да ја води кампањата во Шкотска со оглед на тоа што неговата Конзервативна партија нема изборна база на северот на земјата, кој е главно социјалдемократски настроен.
Глазгов и Данди „за“ отцепување
Шкотскaта националистичка партија на премиерот Салмонд, која жестоко се застапуваше за незaвисност, според првичните анализи, не можеше да мобилизира доволно гласачи во своите упоришта. Големите градови, како Глазгов или Данди се изјаснија додуша „за“ отцепување, но одзивот на рефeрендумот таму не беше доволно висок за да може да го промени резултатот во другите региони.
Инаку, излезноста на референдумот, според прогнозите изнесува околу 85%, поради што и се оддолжи пребројувањето на гласовите во дел од изборните едници.