Шведска смее да го сослуша основачот на Викиликс
11 август 2016Еквадор се согласи да и дозволи на Шведска да го сослуша основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Австралијанецот е засолнет во амбасадата на Еквадор во Лондон поради шведскиот налог за негово апсење. Министерството за надворешни работи на Еквадор соопшти дека „во наредните недели“ шведски обвинител ќе биде примен во дипломатското претставништво за да земе изјава од 45-годишниот австралиски државјанин“.
Асанж се бара поради сомнение за силување извршено во 2010 година во Шведска, но тој е во еквадорската амбасада во Велика Британија повеќе од четири години, во обид да избегне екстрадиција во скандинавската земја. Асанж ги негира обвинувањата, велејќи дека сексуалниот контакт за кој е осомничен бил консензуален и обвиненијата се политички мотивирани поради одмазда за неговата улога во интернет порталот Викиликс кој објавува строго доверливи податоци кои се често засрамувачки за влади и официјални лица.
Долгогодишна сага
Асанж извојува важна победа пред Работната група на ОН за арбитражен притвор во февруари која заклучи дека Шведска и Велика Британија ги повредиле неговите основни права. Еквадор остана на ставот дека ќе ѝ овозможи на Шведска да го преземе надзорот над Асанж само ако Стокхолм гарантира дека тој нема да биде екстрадиран во САД за да му се суди во врска со протекувањето на информациите на Викиликс за 500.000 американски дипломатски преписки во 2010. година.
Оттогаш Викиликс продолжи да објавува податоци собрани од страна на хакери, меѓу кои беа и имелјите од Националниот комитет на демократите кои сугерираа конспиративна соработка меѓу првите партиски функционери и претседателската кампања на Хилари Клинтон. Претседателката на партијата и други високи официјални претставници поднесоа оставка по протекувањето во јавноста на овие информации.