1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Германија како негувател

Алон Каспи/сн26 октомври 2015

Кој од Западен Балкан доаѓа во Германија, во моментов има слаби шанси да остане во Германија. На сите кои избегале од бесперспективноста им се заканува протерување. Но има поединечни можности за живот во Германија...

https://p.dw.com/p/1GuQT
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Evrad

Санкт Георген во јужна Германија, на 1.000 километри од родното Косово, Егзоне Кастрати и Башкиме Бериша почнуваат од нула.

„Во Косово едноставно нема работа. Не можеме да работме како негувателки на болни. Затоа решивме да дојдеме тука и да работиме.“, вели Егзоне Кастрати. Нејзината колешка на обука во Германија, Башкиме Бериша се надоврзува: „По занимање сум негувателка на болни лица, но тука во Германија дипломата не ми е признаена. Сега се обучувам да бидам негувателка за стари лица.“

Егзоне и Башкиме се две од 27-те Косовари, кои имаат можност 3 години да се обучуваат во Германија преку пилот- проектот на Протестанската црква. Условот е кандидатите да работеле како негуватели во татковината и да зборуваат германски јазик.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Негувател: шанса да се остане во Германија

„Суштината е дека имаме проблем да привлечеме млади луѓе во Германија во нашата професија. Тука имаме потреба да обучуваме нови млади кадри , а на Косово има многу млади луѓе без работа.“ вели Флорие Сула, раководителка на кадровото оделение во пензионерскиот дом Лоренц во Ст.Георген.

Башкиме Бериша ја започна практичната обука.Прва средба со стари луѓе на кои им е потребна телесна или духовна помош.

Германија старее се’ повеќе. Негувателите, не само во овој старски дом,имаат полни раце работа и помошта од младите негувателки од Косово е добредојдена.

Егзоне Кастрати најнапред ги ислушава пациентите.Тоа е истотака многу важна задача.

Потоа првиот нејзин ден во германскиот дом за стари лица е завршен. Таа ќе помине тригодишна обука, по која ќе добие шанса да остане во Германија и да работи како негувателка.

По крајот на работниот ден во заедничкиот дом на тројцата млади луѓе од Косово на обука во Санкт Георген. Тие се тука нови- останатите 24 Косовари се обучуваат во други градови.

„Сметам дека нашата група од 27 лица е добар пример за тоа, како човек може да дојде во Германија без да ја премине границата илегално, без документи и слично. Ние завршивме училиште и сега продолжуваме да учиме. Не е лесно, тоа е повторување за нас, но тоа го правиме со задоволство“, вели состанарот на Егзоне и Башкиме, Кендрим Тачи.

Проект со иднина: во ноември во Косово ќе бидат избрани учесниците за втора група за обука. Така повеќе млади од Косово ќе добијат шанса да најдат работа како негуватели во Германија.