1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шаленберг за проширувањето на ЕУ: Не смее да се тактизира

ЕМФ | агенции
30 ноември 2019

Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг е уверен дека напролет ќе почнат преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

https://p.dw.com/p/3U0gq
Österreich Alexander Schallenberg in Madrid
Фотографија: picture alliance/dpa/B. Akbulut

Шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг е уверен во почетокот на преговори за приклучување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ „поради тоа што мислам дека тоа е историска одговорност на Европската унија“.

„Европската унија даде ветување и треба да си го одржи зборот“, рече министерот за надворешни работи на маргините на манифестација по повод 30-годишнината од падот на Железната завеса во Чижов, на чешко-австриската граница.

„Шаленберг укажа на писмото на Австрија, потпишано од страна на 15 земји членки на Унијата, во кое од Европската комисија се бара до јануари 2020 година да даде предлози за подобрување на процесот на проширување на ЕУ.

Процесот на проширување може да се подобри, но не смее да стане тактика за одлагање“, одговори Шаленберг на новинарско прашање во врска со ставот на Франција околу проширувањето. „Јас на Западен Балкан гледам како на последен акт на претставата која почна во 1989 година. Тоа е надминување на поделбата на европскиот континент“, оцени Шаленберг, според кого Западниот Балкан е „многу европски регион, опкружен со ЕУ-членки, чија стабилност, безбедност и просперитет е во наш интерес“.

Повеќе:

Европа мора да зборува во еден гласВремето не оди во полза на францускиот „нон-пејпер“

Берлин демантира дека Меркел му се налутила на Макрон

Минатата недела агенцијата Ројтерс објави дека Германија и Франција, и покрај разликите околу Западен Балкан и НАТО, сепак работат на нов реформски процес во ЕУ. Ројтерс се повикува на документ во кој двете влади бараат целите на ЕУ до 2022 година да се формулираат на „Конференција за иднината на Европа“. Притоа се наведени теми како одбрана, соседска политика, дигитализација и промени на климата.