„Чудото од Хадсон“
16 јануари 2009До несреќата дојде откако откажале двата мотора на Ербасот 320 кратко по полетувањето, по што тој принудно слета во реката Хадсон. Очевидец вака го опиша падот:
„Видов како водата ненадејно се разбранува и прскаше на сите страни, и како авион паѓа во реката.“
Потоа се’ се одвивало брзо: додека во авионот се отворале излезите и првите патници успеале да се спасат, такси- бродовите и фериботите се упатиле кон местото на несреќата да пружат прва помош, кратко потоа првите патници се најдоа на сигурно.
Проблеми поради јато птици
Внатрешно -американскиот лет 15 - 49 полетал со мало задоцнување од аеродромот Ла Гвардија во правец Шарлот, Северна Каролина. Три минути по полетувањето, пилотот јавил во котролата на летање дека се судрил со птици.
Според еден од патниците, пилотот го свртил авионот и кратко потоа само ги известил патниците да се подготват на принудно слетување.
Ербасот А 320 слета во студентата вода на реката Хадсон, а сите патници беа спасени.
Благодарност кон пилотот
„Кога слетаа во Хадсон изгледаше како да се случила ерупција на вулкан“ вели еден очевидец. Многумина не можат да поверуваат дека никој не е посериозно повреден. Експертите истакнуваат дека вакво принудно слетување во вода, без притоа авионот да се преполови, е исклучително невобичаен случај и се должи на умешноста на пилотот.
Него го пофали и градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, кој несреќата ја нарече „Чудото од Хадсон“.
Пилотот, Чесли Салебергер, има 40 годишно летачко искуство и порано бил пилот на американската воена авијација. Американскиот претседател Џорџ Буш во соопштение исто така го пофали јуначкиот подвиг на членовите на екипажот и им се забалагодари на многуте спасувачи на реката Хадсон.