1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Човекот кој имаше голем сон

17 октомври 2011

43 години по неговата насилна смрт, во Вашингтон на Мартин Лутер Кинг потсетува подигнатиот споменик. Тој ја направи Америка „пофер, послободна и поправедна“, изјави американскиот претседател Барак Обама.

https://p.dw.com/p/12Lhi
Фотографија: dapd

Посетителите на главниот град на САД, Вашингтон, ги очекува нова атракција - Споменик на Мартин Лутер Кинг. Проектот траеше 15 години и чинеше 120 милиони долари.

Човекот од камен е огромен: висок е девет метри, рацете му се прекрстени, а погледот државнички. Оној кој сака да го погледне в лице, мора да ја навали главата наназад.

Сепак на првите пoсетители им се допаѓа. „Воодушевен сум. Многу е подобар отколку што очекував. Тоа е историја, особено во oвој дел, каде има толку многу историски градби. Сега и овој споменик е дел од нив.“

Едно десетгодишно момче пак вели: „Мислам дека децата овде учат за големите јунаци на Америка.“

USA China Modell Martin Luther King Denkmal von Lei Yixin
Споменикот во ВашингтонФотографија: Lei Yixin

Мартин Лутер Кинг повторено пишува историја и тоа 43 години по неговата смрт. Тој е првиот кој не бил претседател и првиот Американец - со темна боја на кожата, кој доби свој споменик во историскиот кварт на Вашингтон. Капка горчина за некои Американци е што споменикот е кинески производ. Имено кинескиот склуптор Леи Јиксинг ја исклеса склуптурата од камен, а исто така и гранитните блокови се со потекло од Кина.

Во духот на Мартин Лутер Кинг

Хери Џонсон е претседател на фондацијата Мартин Лутер Кинг, објаснува зошто комитетот се одлучи за кинескиот уметник. „Го направивме она што Мартин Лутер Кинг секогаш го велеше. За човекот не треба да судите по неговата боја на кожата, туку по карактерот. Ние го најдовме најдобриот човек за оваа работа.“

Споменикот и неговата основна идеја се успешни. Основата и една реченица од познатиот говор на Мартин Лутер Кинг: „I have a Dream“: „Од ридот разочарувања ќе исклесаме камен на надежта“ велеше Лутер Кинг.

Martin Luther King
Мартин Лутер Кинг „имаше сон“!Фотографија: AP

Трите камени на надежта ументикот Леи ги исклеса во бел камен. Едниот го покажува водачот со црна боја на кожата, а двата други го формираат влезот до споменикот. Насекаде на камењата се исклесани цитати од неговите познати говори.

На 28.08.2011 се навршија 43 години откако Мартин Лутер Кинг го оддржа неговиот славен говор „I have a Dream“, на неколку чекори од местото каде денес се наоѓа неговиот споменик во Вашингтон. Првиот американски претседател со темна боја на кожата Барак Обама официјално го откри споменикот на Мартин Лутер Кинг во американскиот главен град,

Автор: Сабрина Фриц/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска