1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земан не е способен да ја извршува функцијата

Улрике Кваст
19 октомври 2021

Чешкиот претседател Милош Земан, според мислењето на лекарите, во моментов не е во состојба да ги извршува своите професионални должности.

https://p.dw.com/p/41qP2
Tschechien Präsident Miloš Zeman |
Милош Земан по излегување од болница на 23 септември, каде повторно беше префрлен по само околу три неделиФотографија: Michal Krumphanzl/CTK Photo/imago images

Претседателот Земан не е во состојба да ја извршува должноста поради здравствени проблеми, соопшти претседателот на Сенатот, Милош Вустрчил, повикувајќи се притоа на соопштение на болницата во Прага во која се лекува Земан веќе две недели. Долгорочната прогноза, како што се вели, е „исклучително несигурна“. Вустрчил тврди дека е „неверојатно“ оти 77-годишниот Земан би можел да почне со работа во наредните недели.

Претседателот на Чешка е сместен на одделението за интензивна нега во Централната воена болница во Прага. Досега има малку информации за неговата здравствена состојба. Според чешки медиумски извештаи, Земан има проблеми со црниот дроб. За дијагнозата не дадоа информации ниту Вустрчил ниту болницата.

Tschechien Präsident Miloš Zeman | Milos Vystrcil
Вустрчил тврди дека е „неверојатно“ оти 77-годишниот Земан би можел да почне со работа во наредните неделиФотографија: Michal Krumphanzl/CTK/dpa/picture alliance

Отсуството на Земан го блокира составувањето влада

Претседателот во Чешка има главно церемонијална функција. Сепак, престојот на Земан во болница доаѓа во момент кој политички е мошне чувствителен. Неговото отсуство го блокира составувањето нова влада. Според чешкиот Устав, мандатот за составување влада го дава шефот на државата. 

Сега парламентот би требало да одлучи дали ќе се искористи можноста предвидена со Уставот за пренос на задачите на Претседателот на друг претставник на државата. Претседателот може и привремено, со просто мнозинство, да биде ослободен од должностите.

Повеќе:

Крај на институционализираните измами во Чешка

Избори во Чешка: Кампања а ла Орбан и офшор бизниси на Бабиш

Земан беше однесен во болница на 10 октомври, еден ден по парламентарните избори, на кои либдерално-конзервативната опозиција освои јасно мнозинство од 108 од вкупно 200 пратенички места во чешкиот парламент. Премиерот Андреј Бабиш загуби на изборите, иако неговатта популистичка партија АНО поединечно има најмногу пратенички места.

Претседателот Земан пред изборите најави дека мандатот за влада ќе го добие партијата која освоила најмногу места во парламентот, значи повторно АНО. Но, Бабиш во меѓувреме сигнализираше дека не сака да прифати мандат за составување влада.