1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чавез ќе ги национализира рудниците за злато

18 август 2011

Венецуелскиот претседател Хуго Чавез најави дека планира да ги национализира рудниците за злато во земјата и да ги повлече златните резерви од западните земји.

https://p.dw.com/p/12Iej
Фотографија: AP

Пртеседателот Чавез стави голем дел од венецуелската економија под државна контрола и сега го насочува вниманието кон индустријата за злато, откако владата влезе во спор со странски компании поради ограничувањата за извоз на злато. Чавез истакна дека ќе одобри закон за да почне да ги контролира областите од кои се вади злато и додаде дека при тоа смета на армијата, бидејќи продолжува да постои анархија, мафија и шверц.

Чавез објави дека планира да ги повлече во Венецуела златните резерви во вредност од 11 милијарди долари, кои се чуваат во американските и европски банки. Според него оваа мерка има за цел да ја заштити земјата од економски проблеми, како оние со кои се соочуваат САД и Европа.

Централната банка на Венецуела неодамна објави дека земјата има околу 17,9 милијарди долари во злато од вкупно 28,6 милијарди долари меѓународни резерви.

Автор: ЖА/АТ/миа

Редактор: Трајче Тосев

Редактор: