1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чавез погребан во Каракас

ЖА/дв/ртре/дпа16 март 2013

Со присуство на стотици илјади граѓани на Венецуела, телото на починатиот шеф на државата Уго Чавез е пренесено во Воениот музеј во Каракас. Таму „командантот“ го најде своето последно почивалиште.

https://p.dw.com/p/17yrY
Фотографија: Reuters

Поворката на приврзениците на Чавез до неговото последно почивалиште беше долга 12 километри.

На крајот на втората процесија за покојниот венецуелски претседател Уго Чавез, ковчегот со неговите посмртни останки беше положен во Музејот на револуцијата во венецуелската престолнина Каракас, инаку поранешна касарна.

Саркофагот од црн мермер е ставен врз камен постамент со форма на цвет. На предниот дел на саркофагот е испишано името на Чавез и годините на неговото раѓање и смрт.

Hugo Chavez Leichnam Transport ins Militärmuseum
Фотографија: Luis Camacho/AFP/Getty Images

58-годишниот Чавез почина на 5 март по долга битка со ракот. Музејот од денеска треба да биде отворен за јавноста. За Чавез ќе биде изграден и посебен мавзолеј.

Првично властите сакаа да го балсамираат телото на Чавез, но во средата привремениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро појасни дека по мислење на научници балсамирањето ќе биде многу тешко, затоа што одлуката за оваа постапка требало да се донесе многу порано. Ова мислење било изразено од руски и германски експерти за балсамирање, кои за таа цел биле пристигнати во Каракас.