Чавез им се закани на САД
1 декември 2007Реклама
Претседателот на Венецуела Хуго Чавез и се закани на САД со стопирање на испорака на нафта. Ако Вашингтон не го признае резултатот од референдумот за уставни реформи, закажан за в недела во Венецуела, ќе се затвори славината за нафта, рече Чавез. Истовремено ги обвини САД дека сакаат да му ја дестабилизираат земјата. На народниот плебисцит во Венецуела меѓу другото треба да се донесе одлука и за неограничен реизбор на претседател, со што ќе му се отвори патот на Чавез повторно да се кандидира на функцијата. Сега тоа е ограничено на два мандата. Инаку Венецуела е една од најважните лиферанти на нафта за САД.