1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Царовска: 14 ученици се позитивни на Ковид-19

ДТЗ
3 септември 2021

Позитивни на ковид се 0,01 отсто од учениците коишто ја следат наставата со физичко присуство, а станува збор за над 233 илјади ученици во земјата. 

https://p.dw.com/p/3zrPZ
Mazedonien Skopje - Mila Carovska, Ministerin für soziales Mazedonien im DW Interview
Фотографија: DW/K. Delimitov

Четиринаесет ученици во основните и средните училишта се позитивни на Ковид-19. Ниту еден од нив не е заразен во училиште, интерна трансмисија во училиштата нема“, изјави министерката за образование, Мила Царовска при посетата на основното училиште ,,Ацо Шопов’’ во населба Радишани, Општина Бутел. 

Според неа, позитивни на ковид се 0,01 отсто од  учениците кои што ја следат наставата со физичко присуство, а станува збор за над 233 илјади ученици во земјата. Санитарната инспекција е на терен. 

Таа ги повика наставниците и учениците да се придржуваат до протоколите, оти само на тој начин ќе се овозможи да продолжи наставата со физичко присуство.  

-повеќе на темата: Учебна година: Имате 36.9? Среќен почеток!

Според податоците на Министерството за образование и наука, ист е процентот на заразени и кај наставниот кадар. „Во училиштата строго се почитуваат планот и протоколите за заштита. Учениците, наставниците и другиот помошно-технички персонал во училиштата задолжително носат заштитни маски во затворен простор, задолжително се мери телесна температура на влез во објектите и се прави дезинфекција на рацете. Исто така, постојано се проветруваат училниците и се прави честа дезинфекција на клупите и подовите“, велат надлежните.

Северна Македонија Училиште
Досега ниту еден ученик не е заразен на настава во С. МакедонијаФотографија: Petr Stojanovski/DW

-повеќе на темата: Ковид: Најопасни се оние надвор од „радарот“

Тие ги повикуваат наставниците, родителите и раководствата на училиштата доколку се сомневаат за позитивен случај веднаш да алармираат до здравствените установи и епидемиолошките служби кои ќе постапат согласно алгоритмите. 

Директор на основно училиште од скопската општина Аеродром вчера информираше дека кај нив има случај на ученик позитивен на ковид, поради што сите деца што не прележале и не се вакцинирани ќе одат во 14-дневна изолација и ќе следат настава на далечина.