Хуго Чавез го преживеа референдумот за негова смена
16 август 2004Државната изборна комисија ја потврди официјално веста за победа на Хуго Чавез
која претходно ја објавија тројца владини министри кои сакаа да останат анонимни.
"Победивме" изјави еден од владините министри кој не сакаше да биде именуван, додавајќи дека во претседателската палата веќе се славела и честитала победата.
Опозицијата ги отфрли тврдењата за победа. "Иразот на моето лице доволно покажува што се случува" изјави идерот на опозицијата Енрике Мендоза.
И останатите опозициони лидери, како поранешниот раководител на државната нафтена компанија Хуан Фернандез изјавуваа дека референдумот е ден кога Венецуела се буди, на кој ќе има огномет и музика.
Одзивот на вчерашното гласање ги изненади сите, голем број луѓе стоеа во долги редици и чекаа да го дадат својот глас за или против претседателот на Венецула, која во светски рамки е петта по големина извозничка на нафта. Официјалните резултати од гласањето кое заради големиот речиси стопроцентен одзив мораше да биде продолжено за 4 часови, се очекува да бидат објавени во текот на денешниот ден. Изненаден од одзивот е и поранешниот американски претседател Џими Картер, чија организација е една од повеќето меѓународно кои го набљудуваа гласањето
“ Ние, центарот Картер партиципиравме во повеќе од 50 избори насекаде низ светот. Ова е најголем пресврт кој досега сум го видел. Илјадници луѓе во редици, трпеливо чекаа без никакви вознемирувања. Гласањето кое го набљудувавме се одвиваше многу добро“
Претседателската функција на Хуго Чавез кој беше избран во 2000 според уставот му истекува во 2006 година. За негова смена потребно беше да се изјаснат мнозинство од излезените на гласањето. Пред референдумот тој изјави дека неговата влада е единствената која гарантира стабилност во снабдувањето со нафта на САД и останатиот дел од светот. Чавез предупреди дека неговата смена може да предизвика огромно зголемување на цената на барел нафта.