Хронологија на теророт во Франција
15 јули 20167 јануари 2015: Беше нападната редакцијата на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“ во Париз, при што беа убиени дванаесет лица. Одговорност за нападот презеде огранок на Ал Каеда. Двајца од напаѓачите по бегството беа опколени од страна на полицијата, а во престрелката која следуваше и убиени. Третиот напаѓач, при бегството усмрти еден полициски службеник и зеде во заложништво еврејски маркет преполн со граѓани. За време на заложничката драма, тој уби уште четири заложници по што беше убиен од страна на полицијата. Тој се изјасни како припадник на „Исламска држава“.
19 април 2015: По убиството на една жена во Вилжиф во близина на Париз, беше уапсен еден студент. Подоцна произлезе дека тој имал имал контакти со сириски гурупи и дека поседувал арсенал на оружје со кое планирал напад на црква.
26 јуни 2015: 35 годишен исламист во Сен Кантен Фалавје во близина на Лион планирал да ја дигне во воздух локалната централа за снабдување со гас. Претходно, тој го обезглавил својот претпоставен и неговата глава ја поставил помеѓу две исламистички знамиња на оградата од фабриката каде што бил вработен.
13 ноември 2015: Во серија на напади во Париз, екстремисти на „Исламска држава“ убија 130 луѓе. Еден од нападите се одвиваше во концертната сала „Батаклан“, каде што публиката беше масакрирана. Во другиот дел на градот, повеќе барови и ресторани беа изложени на пукање од огнено оружје, додека во близина на стадионот на кој се играше пријателски натпревар помеѓу Франција и Германија тројца атентатори се разнесоа во самоубиствен напад.
18 ноември 2015: Во антитерористичка акција во Сен Дени во близина на Париз при апсењето на седум осомничени од страна на полицијата, тројца беа убиени. Еден од убиените беше исламистот по кого се трагаше, поради сомнение дека бил мозок на терористичките напади кои се случија пет дена претходно во Париз.
7 јануари 2016: На годишнината од нападите во „Шарли ебдо“ полицијата застрела еден напаѓач пред полициската станица во Париз. Тој бил вооружен со нож и носел појас со лажен експлозив.
24 март 2016: Во Арзентеј, предградието на францускиот главен град, полицијата уапси 34 годишен Французин кој во својот дом чувал оружје. Кај него полицијата пронајде 5 калашникови, еден автоматски пиштол и експлозив. Според полицијата, беше уапсена личност која била дел од терористичка мрежа која планирала нови терористички напади.
14 јуни 2016: Во Манјавил во западниот дел на Париз, еден напаѓач со нож усмрти полицаец и се затвори во неговиот дом. Подоцна, во домот беше пронајдена мртва сопругата на полицаецот. Извршителот при престрелката со полицијата, моменти пред да биде усмртен изјавил дека е следбеник на „Исламска држава“. Во тој период, државните органи постојано предупредуваа дека се можни терористички напади за време на Европското првенство во фудбал кое се одржуваше во Франција.
14. јули: За време на Францускиот нациоонален празник, напаѓач во Ница со камион влета во насобраната толпа луѓе. Најмалку 84 лица загина, а голем е бројот и на повредените.