Митко Укоески е филигранист кој занаетот го негува во дуќанот на единствениот Вангел Деребан во Охрид. Филигранската традиција од два века на семејството на мајстор Деребан денес со пет мајстори ја чува жива во срцето на охридската чаршија. Дуќанот на мајстор Деребан, сега е музеј на филигран, работилница и од наскоро школа.