Хенш добитник на Нобелова награда за физика
4 октомври 2005Реклама
Минхенскиот професор Теодор Хенш ја доби наградата, заедно со американските научници Рои Глаубер и Џон Хал, за истражувања во областа на оптиката.
Теодор Хенш инаку работи во Макс Планк Институтот за квантна оптика во Гархинг и предава на минхенскиот универзитет. Откако ја дозна веста оти ја добил Наградата, 63 годишниот професор по физика радосно забележа:
„Фантастично, изненадувачки, без зборови. Ова е прекрасно чувство.“ рече Теодор Хенш еден од добитниците на овогодинешната Нобеловата награда за физика.