Хезболах подготвува напади во Европа
11 август 2012„Оценуваме дека Хезболах би можела да изврши напади во Европа или на други места во секој момент и тоа без никакво предупредување“, изјави Даниел Бенџамин, координатор на борбата со тероризмот во Стејт департментот. Тој додаде и дека Хезболах и Иран во блиска иднина ќе се насочат на интензивна терористичка активност. Според него, одмазничките напади можат да бидат на западни и израелски цели. Хезболах неодамна беше обвинет, но без конкретна потврда, дека одиграл улога во неодамнешните бомбашки напади на израелски цивили во Европа и Азија.
„Хезболах, главната сила на либанската влада, е тесно поврзана со Иран и ја засилува терористичката капмања во светот“, посочи Бенџамин, додавајќи дека шиитската терористичка организација посебно е заинтересирана за напади во Тајланд.
Ваквите предупредувања беа дадени откако Стејт департментот и американското Министерство за финансии воведоа нови мерки против поддржувачите на сирискиот режим. Тие објавија дека Хезболах, кој се наоѓа на листата на меѓународни терористички организации, сега се додава и на листата на поддржувачите на сирискиот претседател Башар ал-Асад, за кои се воведуваат санкции. Мерките предвидуваат замрзнување на сите сметки на Хезболах, кои се под јурисдикција на САД, и забрана на американски физички и правни лица да вршат контакти со групата.
Според американското Министерство за финансии, Хезболах дава поддршка на властите во Сирија преку обука, совети и материјално-техничка помош.