1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хашкиот трибунал одбележа 20 години постоење

ЕМФ/бета27 мај 2013

Хашкиот трибунал денеска (27.05) одбележа 20 години постоење со свеченост на која присуствуваше холандскиот крал Виљем Александер.

https://p.dw.com/p/18eks
Фотографија: picture-alliance/dpa

Претседателот на Хашкиот трибунал Теодор Мерон одлуката за основање на судот ја нарече „историска“. Основањето на судот беше „силен одговор на злосторствата“ сторени во бивша Југославија, нагласи Мерон, додавајќи дека во времето кога судот беше основан никој „не можеше да знае дали некогаш идејата на Советот за безбедност ќе се претвори во пракса“. Многумина, како што рече Мерон, беа во дилема „дали ќе има апсења, дали ќе има судења и дали судот кој е создаден ќе заживее“.

„Денес, по 20 години, среќен сум што можам да кажам дека идејата на Советот за безбедност стана правило, а не исклучок, стана реалност“, нагласи Мерон. Со работата на судот е воспоставена „нова ера на одговорност“ во која „меѓународната заедница реагира на тешките злосторства во војна и мир“, заклучи претседателот на Трибуналот.

Потсекретарот на ОН за правни работи Патриша О‘Брајен на свеченоста по повод две децении постоење на судот потенцираше дека тој им „даде глас на жртвите“, кои првпат во историјата на меѓународното право можеа во судница да раскажат што преживеале и да ги видат извршителите на злосторствата пред лицето на правдата.