1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хашим Тачи стана претседател на Косово

СН/дв8 април 2016

Поранешниот премиер Хашим Тачи беше инаугуриран во нов претседател на Косово. Тој најави заложби за нормализација на односите со Србија

https://p.dw.com/p/1IS5Q
Фотографија: Reuters/A. Nimani

Покрај тоа во инаугуративниот говор на церемонијата која се одржа на централниот плоштад во главниот град Приштина , Хашим Тачи истакна дека ќе ја брани независноста на Косово и ќе се заложи за побрзо членство на неговата земја во НАТО и во Европската унија. Тачи вчера во парламентот на Косово положи заклетва на функцијата.

Денешната инаугуративна церемонија помина под засилени безбедносни мерки со оглед на протестите на косовската опозиција против изборот на Хашим Тачи за претседател на земјата. И денеска спроти инаугурацијата полицијата употреби солзавец против насобраните незадоволни граѓани.

Погледнете го веб-видеото на оваа тема:

Протести спроти инаугурацијата на Хашим Тачи