1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хауг се раздели од Мерцедес

ЖА/дпа/ртре13 декември 2012

Автомобилскиот концерн Дајмлер по 22 години се разделува од шефот на Мерцедес моторспорт Норберт Хауг. Договорот е раскинат со меѓусебна согласност, се вели во соопштението.

https://p.dw.com/p/171xJ
Фотографија: dpa

Директорот на Мерцедес моторспорт Норберт Хауг по низа успешни години во областа на моторскиот спорт заминува од тимот. Причината за раскинувањето на договорот кон крајот на оваа година не е е соопштена. Денес 61-годишниот Хауг пристигна во Мерцедес како аутсајдер во 1990 година, а пред да стапи на функцијата работел како спортски новинар.

Кој ќе биде наследник на Хауг, автомобилскиот коцерн ќе соопшти подоцна. Во последно време не беа исполнети високите очекувања на Мерцедес во Формула 1 со седумкратниот светски првак Михаел Шумахер и Нико Розберг како возачи.

Ники Лауда, поранешниот повеќекратен светски првак во Формула 1 и шеф на Надзорниот одбор во Мерцедес, изјави дека е изненаден од веста за заминувањето на Хауг и неизмерно жали за тоа. „Хауг апсолутно ќе му недостига на тимот“, изјави Лауда во ексклузивно интервју за спортскиот телевизиски канал Скај.