Франција во нов поход против исламистите во Мали
21 јануари 2013Француски безбедносен функционер изјави дека борбените авиони и хеликоптерите спровеле дузина операции во текот на викендот во Мали. Главна цел биле „возилата на терористите“.
Доцна вчера вече претседателот на Мали и’ се заблагодари на Франција за воената поддршка во борбата против исламистите. Франција информираше дека во саботата околу 400 трупи од Нигерија, Того и Бенин пристигнале во Мали. Таму исто така се пристигнати и трупи од Чад, кои го познаваат пустинскиот терен на северот од Мали. Франција ја започна воената офанзива на 11 јануари, но рече дека африканските нации мораат да го преземат водството.
Финансирањето на африканското учество во воената интервенција против исламистичките групи ќе изнесува околу 500 милиони долари, соопшти западно-африкански претставник.
Според првичните проценки африканските земји кои се подготвуваат да земат учество во воената операција во Мали, ќе имаат потреба од околу 500 милиони долари, изјави претседателот на Комисијата на Економската заедница на земјите од Западна Африка Дезире Уедраого.
„Сепак, овој износ може да се промени во зависност од потребите на терен“, нагласи тој за телевизијата на Брегот на Слоновата Коска.
На 29 јануари во Адис Абеба ќе се одржи конференција на донатори под покровителство на Африканската унија, за собирање на средства за Меѓународната
мисија за поддршка на Мали. Оваа мисија треба да ги замени француските војници. До 26 јануари е предвидено да бидат распоредени околу 2.000 војници од африканските земји.