1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Франција: 216.000 жртви на педофилни католички свештеници

ЖА / дпа
5 октомври 2021

Преку 216.000 деца и младинци биле жртви на сексуално злоставување од страна на католички свештеници во Франција од 1950 до 2020 година, соопшти денеска истражната комисија.

https://p.dw.com/p/41GqE
Symbolbild Missbrauch in der Kirche
Фотографија: picture-alliance/dpa

Независната истражна комисија денеска во Париз ги соопшти откритијата до кои дошла, според кои околу 216.000 малолетници биле сексуално злоупотребувани од свештеници на Католичката црква во Франција. „До почетокот на 2000 година постоела тотална и свирепа рамнодушност кон жртвите“, истакна раководителот на истражната комисија, Жан-Мари Суве.

На злоставуваните деца не им се верувало или им се инсинуирало дека и самите биле учесници. Само во ретки случаи била плаќана отштета, и тоа само за да се замолчат децата и младинците, изјави Суве: „Црквататоа не го гледала или не сакала да го види“.

Бројот на жртвите се искачува дури на 330.000 ако се вбројуваат и лицата злоставувачи кои работеле во институции на Католичката црква, како католички училишта или младински движења и групи.

Извештајот ќе биде предаден на Бискупската конференција. Истражната комисија во изминатите двеипол години сослушувала жртви и нивните роднини, а направи и предлози за обештетување на жртвите. Бројни случаи се веќе застарени и престапниците не можат да бидат изведени пред суд.