Фотографија на денот: Улични борби во Барселона
19 октомври 2019Радикалните сепаратисти ноќеска водеа улични борби со полицијата во Барселона. На насилството припадниците на безбедносните сили возвратија со солзавец, гумени куршуми и водени топови. Агенциите јавуваат за околу 60 повредени лица.
Во Каталонија вчера повеќе од половина милион луѓе учествуваа на главно мирни протести поради осудата на долги затворски казни на деветмина каталонски политичари и претставници на цивилното општество. Претходно, јавниот живот беше парализиран од генерален штрајк. Откажани беа 57 летови во Барселона, операта ја откажа претставата, беше затворен автопатот АП7 во двете насоки, а беше блокиран и регионален пат на границата со Франција. Поради демонстрации кои се очекуваат одложен е и фудбалскиот натпревар помеѓу Барселона и Реал Мадрид на 26 октомври.