Фотографија на денот: Тереза Меј пред пораз
11 декември 2018Реклама
Премногу јасно беше дека Меј ќе доживее пораз, односно дека нема да има мнозинство за договорот. Кога ќе се гласа е нејасно. Она што е јасно е дека британската премиерка сега сака повторно да преговара со колегите од Европската унија. Денеска на разговори со холандскиот премиер Марк Руте и германската кланцеларка Ангела Меркел ќе види колкави ѝ се шансите за „допреговарање“ на самитот на ЕУ во четврток. Познавачите на состојбите велат шансите на Меј се минимални. Карикатурата на Сергеј Елкин за загрижената Тереза Меј денеска е наша #ФотографијаНаДенот.