1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Со корона-маска на оризово поле

СН/агенции
3 јули 2021

Индонезија во моментов се бори со еден од наjсилните бранови на коронавирусот во Азија со рекордни инфекции, предизвикани од сојот Делта. Заострените мерки ја прават понеподнослива и онака тешката работа на земјоделците.

https://p.dw.com/p/3vyNF
BdTD Jakarta Farmer
Фотографија: WILLY KURNIAWAN/REUTERS

Може само да се замисли колку напорна работа мора да има овој земјоделец на оризово поле во близина на Џакарта, Индонезија. И покрај температурите од над 30 степени и високата влажност, тој носи заштитна маска против коронавирусот.

Индонезија во моментов се бори со еден од најсилните бранови на коронавирусот во Азија, со рекордни дневни бројки на нови инфекции и голем број починати од вирусот.

Властите од денеска воведоа опсежни ограничувања со цел да се намали бројот на нови инфекции на помалку од 10.000 на ден.

Вчера Индонезија забележа 25.830 нови инфекции и 539 смртни случаи од Ковид-19. Силно заразната варијанта Делта на вирусот е особено распространета во земјата.