1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Со гитара и песна на улица по шест месеци полициски час

СН/агенции
10 мај 2021

Илјадници Шпанци на улиците на градовите ширум земјата го прославија укинувањето на вонредната состојба и ноќниот полициски час воведени пред шест месеци поради пандемијата.

https://p.dw.com/p/3tB8s
Spanien, Barcelona | Nächtliche Ausgangssperre aufgehoben
Фотографија: Jordi Boixareu/ZUMA/picture alliance

Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во Барселона во ноќта меѓу саботата и неделата, кога официјално стапија во сила ублажувањата на рестриктивните мерки поради пандемијата во најголем дел од Шпанија.

Укинати се вонредната состојба и полицискиот час и што е најважно за милиони Шпанци: тие конечно может повторно да среќаваат со луѓе и да ги прегрнуваат со блиските наместо само да разговараат преку Ватсап, Скајп или Зум, како во изминатата половина година. 

Вакви и слични славја на улиците, плоштадите и на плажите имаше во стотици други шпански градови. Само во четири од 19 шпански региони, полицискиот час и натаму останува во сила.

Повеќе:

-На Мајорка со грижа на совест и маска на плажа

-Коронавирус во Шпанија: „Беше како во војна“

-Шпанија: Веројатно 3 милиони заразени од коронавирусот?

Во рамките на укинувањето на ограничувањата на јавниот живот, повторно се отворени угостителските објекти кои ќе работат до 23 часот, но со бројот на гости ограничен на 30 проценти од капацитетот и максиммално четири лица на маса.

Со укинувањето на вонредната состојба, укинати се и забраните за патување во регионите на Шпанија.