1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиднеј - венчавка во жолто

7 декември 2019

Метрополата се гуши во чад, но животот мора да тече - така барем мисли оваа млада двојка, не сакајќи да се откаже од својата венчална фотографија.

https://p.dw.com/p/3UN2C
BdTD Buschbrände in Australien Sydney Brautpaar
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Saphore

Сиднеј е обвиен со сенишен жолт превез од отровен чад. Чадната покривка над градот станува се` погуста- воздухот во метрополата е веќе опасен по здравјето. Со недели на источниот брег на Австралија беснеат катастрофални пожари, кои сега се споија во „мега пожар“. Пожарникарите се беспомошни. Оваа двојка на #ФотографијаНаДенот сепак не сака да се откаже од својата венчална фотографија.