1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Свинско срце вградено во човек

Торстен Тајхман (ард)
11 јануари 2022

Лекарски тим од САД му имплантираше генетски модифицирано срце од свиња на пациент во Балтимор.

https://p.dw.com/p/45Mpk
USA | Erstmals Schweineherz-Transplantation für einen Menschen
Фотографија: Tom Jemski/University of Maryland School of Medicine/picture alliance

Пациентот Дејвид Бенет немал изгледи да добие човечко срце. Останувале само две можности - да се умре или да се прифати предлогот на лекарите од Универзитетот Мериленд. Изборот бил направен и медицинскиот тим му вградил на 57-годишниот пациент срце од свиња.

Три дена по операцијата, лекарите зборуваат за успешен зафат, иако за давање конечна оценка е сѐ уште рано. Доколку зафатот ги даде очекуваните резултати, тоа може да значи неограничена понуда на органи за пациенти чиј живот зависи од трансплантација, изјави Мухамед Мохудин, директор на програмата на универзитетот за истражувања. Во случајот на Бенет е важен секој ден. За телото да не го исфрли животинскиот орган, медицинарите зеле срце кое е генетски променето.

Во САД повеќе од 100.000 луѓе чекаат на донација на органи. Минатиот септември на хирурзи во Њујорк им успеа да поврзат бубрег на свиња со пациентка во кома. Органот функционираше, а дозвола за зафатот даде семејството на пациентката. Во случајот на Бенет специјална дозвола за трансплантација даде американската здравствена агенција ФДА.