Фотографија на денот: Путин и рускиот интернет
3 мај 2019Владимир Путин го потпиша законот во средата, а тој ќе стапи во сила во ноември годинава. Критичарите сметаат дека тоа е обид на владата да ги контролира содржините и да ја изолира руската мрежа.
Новиот закон предвидува изградба на нова мрежна инфраструктура, со цел, како што се тврди, да биде постигната поголема ИТ-безбедност. Новата инфраструктура треба да обезбеди функционирање на интернетот во Русија и во случај кога домашните провајдери не можат да воспостават врска со странските сервери. Освен тоа, руските интернет-провајдери би морале да можат да го контролираат интернет-сообраќајот на своите мрежи. На тој начин, наводно, тие треба да идентификуваат и да се борат против потенцијални закани. За контрола, во прв ред, треба да бидат надлежни Надзорната служба за телекомуникации и руски медиуми (Роскомнадзор), како и тајната служба ФСБ.
Во изминатите недели илјадници луѓе протестираа против законот поради страв од цензура. Освен тоа, десет меѓународни организации за човекови права и слобода на печатот побараа од рускиот претседател Путин да не го потпишува законот.