1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Прослава и награда за фудбалските херои

СН/агенции
13 ноември 2020

Долга ноќ на еуфорија и на славје е зад македонските љубители на фудбалот по историскиот успех на репрезентацијата- првиот пласман воопшто на едно големо натпреварување.

https://p.dw.com/p/3lE8M
Fussball I Mazedonien v  Georgien
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Навивачи, новинари и политичари, по бурната ноќ на славје низ македонските градови, во раните утрински часови ги пречекаа репрезентативците на граничниот премин Блаце, откако поради густата магла авионот од Грузија слета на приштинскиот аеродром. 

Македонската влада претходно одлучи да ги награди фудбалерите и стручниот штаб на репрезентацијата со по 10.000 евра за првиот пласман на Европско првенство.Тоа на Фејсбук го објави премиерот Зоран Заев, со фотографија на која е во македонскиот репрезентативен дрес.„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство. #ОдимеНаЕвропско“,напиша Заев. Фудбалската репрезентација се пласираше на Европското првенство откако во бараж ја победи Грузија со 1:0 со голот на Горан Пандев во 56-тата минута. На континенталниот шампионат ќе игра во Групата Ц, со Холандија, Украина и Австрија.

Повеќе:

-Македонија и Пандев ќе дебитираат на ЕП на 13 јуни во Букурешт против Австрија

-Историја во Тбилиси: Пандев ја одведе С. Македонија на ЕП

Премиерот Заев прв им го честиташе успехот на фудбалерите, а честитки упатија и претседателот Стево Пендаровски и други политичари и јавни личности.