Здравје
Предупредување од сидата
1 декември 2020Реклама
Токму затоа Светската здравствена организација на денешниот ден упатува на неопходноста на подигање на јавната свест за ХИВ и сида, и ги потенцира достигнувањата во превенцијата на инфекцијата со вирусот ХИВ, како и достапноста на терапија со која се постигнува речиси нормален животен век како кај здравата популација. Меѓународниот симбол на свесност и поддршка во борбата против сидата е црвената лента. На оваа #ФотографијаНаДенот, активисти во Катманду, Непал по повод Светскиот ден на борба против сидата запалија свеќи и ги распоредија токму во обликот на црвената лента, во знак на солидарност со заболените од сида.