Фотографија на денот: Последниот чин во драмата Брегзит
30 јануари 2020Реклама
Велика Британија со тоа утревечер излегува од Унијата, чија членка беше 47 години.
Договорот, меѓу другото, ги регулира правата на граѓаните на двете страни и финансиските обврски на Лондон кон ЕУ. Британците до крајот на годината остануваат дел од внатрешниот пазар на ЕУ и од царинската унија. Во оваа преодна фаза Лондон и Брисел треба да постигнат согласност за договор за трговија.
На #ФотографијаНаДенот претседателот на ЕП, Давид Сасоли, по седницата на пратеничката група на социјалдемократите стои среде пратениците од Велика Британија.