1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Планета на птиците.

СН/агенции
19 мај 2021

На Земјата има најмалку 50 милијарди диви птици, што значи дека на нашата планета живеат шестпати повеќе птици отколку луѓе, покажува најново австралиско истражување.

https://p.dw.com/p/3taJA
Weltspiegel 06.04.21 | Türkei, Ankara | Flamingos fliegen über den Mogan See
Фотографија: Mustafa Kaya/Xinhua/imago images

Според проценката на истражувачите на Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј, најбројна меѓу птиците се домашни врапчиња, кои ги има 1,6 милијарди, а уште три останати најраспространети видови птици имаат популација од над една милијарда.

Меѓутоа, поголемиот дел од видовите птици се ретки, со околу еден од 10 вида со помалку од 5.000 единки, велат авторите на истражувањето и додаваат оти овој приказ на глобалната популација на птиците ќе помогне во напорите за зачувување за да се спасат птиците од изумирање. Според нивните податоци популацијата на птици се намалува насекаде во светот, дури и кај најраспространетите видови, како врапчињата. 

„Броењето бројот на птици во светот е сложена задача, без конечни одговори. Во минатите груби проценки имаше 200 до 400 одделни птици извлечени од 10.000 до 13.000 видови птици“, вели еден од авторите на студијата.

Студијата сугерира дека поголемиот број птици се наоѓаат во северната хемисфера - во Европа, северна Азија, северна Африка, во делови од Арапскиот полуостров и во Сверна Америка.