Култура
Фотографија на денот: Пицата стана уметност
8 декември 2017Реклама
Пицата од еден сосема конкретен град во Италија отсега се вбројува во светското културно наследство. Со право, редно беше-конечно, сметаат многумина кои имале можност да ја пробаат „единствената вистинска пица“. Онаа од Неапол. Меѓународната културна организација УНЕСКО вчера соопшти дека „Уметноста на наполитанските пица мајстори“ е ставена на листата на нематеријално светско културно наследство. Токму затоа и сосема заслужено пица наполитана е главниот мотив на нашата #ФотографијаНаДенот. Buon appetito :)