Здравје
Фотографија на денот: Пиво без опасност од корона
20 мај 2020Реклама
Но, со тоа се губи и шармот на одењето во кафуле или бар. Зашто, роботите и не се нешто расположени за разговори со гостите „за времето и светот“.
Овој робот во кафуле во Севилја може да сервира до 600 чаши пиво на час, вели сопственикот на објектот. Роботот е прв од ваков вид, а направен е од фирма која прави роботи и за во болниците и за дезинфицирање објекти. Хајтек-келнерот меѓутоа ќе мора да причека додека почне со работа. Во Севилја засега гостите смеат да седат само во надворешниот дел на рестораните и кафулињата, а не на шанк во внатрешноста на објектите.