Фотографија на денот: Пелоси го искина говорот на Трамп
5 февруари 2020Реклама
Доналд Трамп во Конгресот повеќе од еден час ги набројуваше своите политички успеси, а неговата противничка Пелоси потоа му покажа што мисли за неговиот говор за состојбата на нацијата. Тоа предизвика реакции на бес на републиканците во салата. Подоцна Пелоси изјави дека со оглед на алтернативите, тоа било најљубезното нешто што можела да го стори. Таа говорот го нарече „Манифест на невистини“.
Пелоси е голем противник на Трамп и една од движечките сили за покренување на прашањето на импичмент за американскиот претседател. Белата куќа во твит го осуди потегот на Пелоси, а министерот за надворешни работи Мајк Помпео дури објави и слика на девојчето од цртаниот филм Симпсонови, Лиза, која држи листови в раце и притоа плаче.