1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Олимписките прстени повторно во Токио

СН/агенции
2 декември 2020

Свежо обоени: Олимписките прстени се вратија во заливот на Токио по речиси петмесечна работа на нивно одржување - а кај некои набљудувачи сигурно веќе предизвикуваат возбуда пред спортскиот мега-настан во 2021 година.

https://p.dw.com/p/3m6DF
BdTD Japan Olympische Ringe in Tokio
Фотографија: Kyodo News/imago images

Олимписките прстени се вратија во заливот на Токио: конструкцијата висока 15 метри и тешка 69 тони мораше привремено да биде отстранета заради нејзино одржување. Прстените првично беа поставени на почетокот на  годинава, но беа отстранети во август, откако претходно поради пандемијата на коронавирусот беа откажани Летните Олимписки Игри во јапонската престолнина. Сега тие повторно сјаат - а некои гледачи сигурно ќе бидат возбудени од спортскиот мега-настан во Токио во 2021 година.