1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на живот

Фотографија на денот: Октоберфест-плејмејт

ЕМФ
16 септември 2017

Почнува Октоберфест, најголемиот народен панаѓур во светот. Патриција Динкел е годинешна плејмејт.

https://p.dw.com/p/2k3f4
Deutschland | Wiesnplaymate 2017 auf dem Flugplatz Schleißheim
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Hörhager

На  #ФотографијаНаДенот таа е облечена во традиционалната женска баварска носија Дирндл и в рака има - што друго ако не перек и кригла пиво. Патриција Динкел е подготвена за најголемиот панаѓур во светот.

Точно напладне градоначалникот на Минхен ќе го пробуши првото буре со пиво и со тоа ќе означи почеток на панаѓурот кој ќе трае 18 дена. На Октоберфест традиционално доаѓаат милиони посетители од цел свет. Организаторите се надеваат дека така ќе биде и годинава.