Фотографија на денот: Нема договор за Брегзит, нема проблем?
16 јануари 2019Реклама
Ваквиот исход беше очекуван, со оглед на тоа што многу пратеници од конзервативната партија на Меј се против договорот со кој се регулира излегувањето до ЕУ. Вечерва премиерката Меј е соочена со гласање за доверба на нејзината влада, откако барање за тоа поднесоа опозициските лабуристи.
Додека коментарите ширум светот одат главно во насока на тоа дека Велика Британија и нејзината премиерка имаат купишта проблеми, про-Брегзит демонстрантот во Лондон на нашата #ФотографијаНаДенот гордо држи плакат на кој е напишано: Нема договор, нема проблем!