1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На гласање со маска и пластични ракавици

СН/агенции
15 април 2020

Среде пандемијата на коронавирусот во Јужна Кореја денеска се одржуваат парламентарни избори. Властите и покрај тоа очекуваат голема излезност на гласањето кое се одвива со посебни заштитни мерки.

https://p.dw.com/p/3av6o
Südkorea Seoul Coronavirus Parlamentswahlen
Фотографија: Getty Images/C. Sung-Jun

Јужнокорејката на оваа #ФотографијаНаДенот го дава својот глас на избирачко место во Сеул, носејќи заштитна маска и пластични ракавици. Тие се задолжителни за секој гласач на изборите за новиот состав на јужнокорејскиот парламент, кој брои 300 пратеници со четиригодишен мандат. 

Јужна Кореја  важи за една од земјите која добро се справува со пандемијата на коронавирусот, преку агресивно следење на синџирите на инфекција, меѓу другото и со мобилна апликација и преку масовно тестирање.

Властите, меѓутоа сега повика на проширено учество на јавноста во социјалното дистанцирање, бидејќи земјата е сведок на бран на локално ширење на заразата како и  на увезени инфекции што доведоа до повторно појавување на нови случаи на Ковид-19.

Повеќе:

-Борба за најдобра корона-апликација

-СЗО вели „тестирајте“ на коронавирус, но имаат ли сите држави ресурси за тоа?

-Фотографија на денот: Традицијата и коронавирусот

Според Корејскиот центар за контрола и превенција на болести, биле пријавени 27 нови случаи на заразени. Вкупниот број на јужнокорејски граѓани со дијагносициран Ковид-19 изнесува 10.591.