1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Муслиманите го слават Курбан Бајрам

СН/агенции
20 јули 2021

Во Саудиска Арабија во тек е аџилакот на светите места на исламот. Во исто време, муслиманите ширум светот го слават Курбан Бајрам. Поради коронавирусот, и оваа година свеченостите се делумно поскромни од вообичаеното.

https://p.dw.com/p/3wiSm
Saudi-Arabien | Hadsch-Pilgerfahrt nach Mekka
Фотографија: Hassan Alfahimi/Saudi Ministry of Media/dpa/picture alliance

Муслиманските верници ширум светот го слават големиот празник Курбан Бајрам.  Тој се слави четири дена. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Со овој празник се крунисува и аџилакот- еден од петте темели на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Онаму каде што вообичаено небројани верници од целиот свет кружат едни до други околу Каба во Мека, централното светилиште на исламот, оваа година во дворот на Големата џамија има само релативно мал број аџии. Поради пандемијата, како и во минатата, саудиските власти го ограничија бројот на аџии на 60.000 со живеалиште во земјата, наспроти над два милиони од целиот свет, кои вообичаено пристигнуваа во Мека. Според прописите, аџиите годинава мора да носат и заштитни маски.