Мини предност, мини излезност
22 април 2019Според податоците на ДИК на изборите излегле 41, 82 насто од граѓаните со право на глас. Покрај историски ниската излезност, минимална е и предноста на кандидатот на владејачката коалиција Стево Пендаровски во однос на кандидатката на опозицијата Гордана Сиљановска-Давкова. Според податоците на ДИК по преброени речиси 100 насто од гласачките ливчиња., Пендаровски извојувал многу тесна победа во првиот круг со само околу 4600 гласови повеќе од Сиљановска-Давкова однсно во проценти 42,85 наспроти 42,24. Третиот кандидат на изборите Блерим Река освоил близу 11 насто од гласовите.
Повеќе:
-Жешки изборни шлаканици и за СДСМ, и за ВМРО-ДПМНЕ
-И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прогласија победа
-ВМРО-ДПМНЕ слави македонска пролет, СДСМ очекува победа на нивниот кандидат
Пендаровски и Сиљановска-Давкова влегуваат во вториот круг на избори, кој ќе биде одржан за две недели- на 5 мај, и кој се очекува исто така да се одвива под сенката на стравувањата за мала излезност.