Мало знаменце, огромна помош
10 август 2021Нивната борба со пожарите на македонските планини продолжува и денеска. Но, во еден краток момент за оддишка, овој словенечки пожарникар го подместува словенечкото знаменце на противпожарното возило, со кое наскоро ќе се упати кон некое жариште на огнената стихија.
Противпожарниот тим од Словенија кој пристигна на помош во справувањето со пожарите во С.Македонија брои 45 лица, медицинска екипа, 11 противпожарни и транспортни возила и специјализирани екипи опремени со сите можни ресурси.
Македонскиот државен врв, но и жителите на погодените подрачја во Малешевијата и други делови на земјата секојдневно изразуваат огромна благодарност за натчовечките напори во битката со пламените јазици како на домашните пожарникари, локалните волонтери и припадници на АРМ, така и на странските екипи од Словенија, Австрија, Србија, Бугарија, Романија.
Повеќе:
-Менковски: Порано го спасувавме Солун, сега со странска помош ги гасиме пожарите
-Австриските доброволци земале одмор за да гасат пожари во Малешевијата
-Малешевци за австриската опрема: Доживеавме културен шок!
Во земјата според последните информации до синоќа беа активни осум шумски пожари, а останатите се делумно локализирани.
Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи преку системот НИКС, кој ги дигитализира сите податоци од терен, од вчера раководи со справувањето со
шумските пожари.