1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крстови на Копакабана поради корона-политиката во Бразил

12 јуни 2020

Во знак на протест поради корона-политиката на бразилската влада и во знак на сеќавање на починатите, на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро се поставени 100 надгробни крстови.

https://p.dw.com/p/3dewQ
Brasilien Coronavirus Protestaktion in Rio de Janeiro
Фотографија: Getty Images/B. Mendes

Во акцијата на невладината организација Рио де Паз за секој крст е ископан и по еден празен гроб. „Ова беше најтешкиот протест во нашата историја“, напиша претседателот на организацијата Антонио Коста на Твитер. Во Бразил, според официјалните податоци, досега се починати 40.919 луѓе, а 802.828 се инфицирани со коронавирус. Претседателот Болсонаро го минимизира коронавирусот и отфрла преземање мерки за сузбивање на пандемијата. Затоа Врховниот суд го префрли овластувањето за преземање мерки во рацете на сојузните држави во Бразил и на општините.