1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Крај на ковид-кошмарот во Шангај

СН/агенции
1 јуни 2022

Конечно се случи: Кинеската економска метропола по два месеци ги ублажи екстремно строгите корона-рестрикции. Околу 22 милиони жители повторно можат слободно да се движат во градот.

https://p.dw.com/p/4C7BC
China Coronavirus l Shanghai beendet Lockdown
Фотографија: Hector Retamal/AFP via Getty Images

По двомесечен локдаун поради коронавирусот, дел од слободата се врати во Шангај. Заменик-градоначалникот Зонг Минг претходно најави дека сите жители на областите со низок ризик од ширење на вирусот треба да можат слободно да се движат во кинеската метропола. Делумно враќање во нормалноста за околу 22 милиони луѓе. Според Минг, трговските центри, аптеките и козметичките салони треба да бидат отворени со капацитет од 75 отсто. Парковите и знаменитостите исто така треба постепено да се отвораат.

Шангај: Милиони жители во ковид-изолација

Делумното укинување на локдаунот е овозможено од намалувањето на инфекции. Шангај пријави 31 случај во понеделникот, што е намалување од пријавените 67 во неделата. Пред еден месец во Шангај се пријавуваа од 25.000 случаи на ден. 

Сепак, кината и фитнес студијата ќе останат затворени во Шангај до понатамошно известување. Училиштата, кои се затворени од средината на март, треба да бидат постепено отворени. Жителите од „ризичните“ населби и натаму се изложени на строги ограничувања.