Здравје
Краткотрајно задоволство
26 ноември 2021Реклама
Панорамското тркало, украсените тезги и свежо печените бадеми се минато во Ерфурт: По само два дена, божиќниот панаѓур во главниот град на германската сојузна покраина Тирингија беше затворен поради новата покраинска уредба, која стапи во сила поради високиот број ковид-случаи. Новите корона-инфекции во Тирингија се меѓу највисоките во Германија. Седумдневната инциденца на 100.000 жители е над 770.
Во меѓувреме, серијата на рекордни ковид-случаи во Германија не престанува: Институтот Роберт Кох (РКИ) утрината пријави 76.414 во изминатите 24 часа. Седумдневната инциденца во цела Германија се искачи на 438,2 и е повисока од кога било досега. За споредба: вчера РКИ пријави 75.961 нови инфекции во Германија, а во минатиот петок 52.970.