Кралицата сака мир со Меган и Хари
10 март 2021Во соопштението кое го објави Бакингамската палата синоќа, се вели дека изјавите на Хари и Меган се земаат мошне сериозно и ќе бидат разговарани во фамилијата, во четири очи. Кралицата е многу тажна по сознанието во колкави размери изминатите години биле предизвикувачки за Хари и Меган, таа порача – тие секогаш ќе бидат сакан дел од фамилијата.
Ова е прва реакција на Кралската палата по жестоките обвинувања од принцот Хари и неговата сопруга Меган изнесени во ТВ интервју со модераторката Опра Винфри во неделата. Меган тврдеше дека за време на нејзината бременост постоеле шпекулации во фамилијата колку темна ќе биде кожата на нејзиното дете, без да прецизира чија била изјавата. Перманентните негативни извештаи на медиумите кај Меган предизвикале самоубиствени мисли, а високорангирани претставници на палатата ѝ ускратиле психолошка помош поради грижа за имиџот на монархијата.
Хари и Меган пред една годинаѝ свртија грб на Кралската куќаи живеат во Калифорнија.