Здравје
Каде се маските?
7 јуни 2021Реклама
Во убавото летно време со температура околу 35 степени, уживаа илјадници Американци на плажата "L Street" во метрополата Бостон на викендот. Масачусец спаѓа во американските федерални држави со најголема стапка на вакцинирани против коронавирус. Дури 55 % од жителите на Бостон и околината имаат добиено и втора доза вакцина. Слики како овие сега ни изгледаат нестварни, но можеби се најава на времето по ерата на коронавирусот, за која сите се надеваат да почне што поскоро.