Фудбал
Италија им ги скрши срцата на Англичаните на „Вембли“
12 јули 2021Реклама
Англија дојде во водство со најбрзиот гол во историјата на европските финалиња, кој по само 117 секунди го постигна Лук Шо.
Италија го израмни резултатот во 67 минута преку Леонардо Бонучи.
Во пенал серијата за Италија прецизни беа Бернарди, Бонучи и Бернардески додека кај Англичаните ударите од 11 метри ги реализираа Кејн и Мегваер.
Ова е втора европска шампионска титула за Италија по 1968 година, а сонот на Англичаните дека по 55 години ќе забележат успех, се распрсна.
Во повеќе градови во Италија, од Милано до Палермо, ноќеска навивачите славеа по улиците. Рим ја прослави победата на италијанските фудбалски репрезентативци со огномет како на Нова година, во повеќе квартови се одвиваа автомобилски корза, фановите испалуваа петарди.